Топ Вести - Слушај сега
Македонија2025 повторно ја активира Програмата за менторство и пракси за академската 2025/2026 година, со цел да обезбеди континуирана поддршка за личниот, академскиот и професионалниот развој на младите таленти во земјата.
Програмата е наменета за поврзување на искусни професионалци со над 130 стипендисти и ученици од економски загрозени средини, преку структурирано менторство, кариерно насочување и практична изложеност. Таа се надоврзува на двете клучни образовни иницијативи на Македонија2025 – стипендиската програма „Атанас Близнакоф“ и фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре“, кои ги поддржуваат студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и учениците во државните средни училишта низ земјата.
Покрај финансиската поддршка, овие програми ставаат силен акцент на менторството како клучна алатка за градење самодоверба, јасно дефинирање на личните и професионалните цели и подобра подготовка за идните академски и кариерни патеки. Преку директна комуникација со докажани професионалци од различни области стипендистите добиваат насоки и искуства кои не можат да се стекнат преку формалното образование.
Програмата за менторство и пракси за академската 2025/2026 година ќе се спроведува во текот на целата академска година и овозможува флексибилен ангажман, со вкупно до пет (5) часа менторска поддршка по академска година. Менторските активности може да се одвиваат во онлајн, физички или хибриден формат, во зависност од можностите и преференците на учесниците.
Со цел полесно вклучување и подобро запознавање со целите на програмата и функционалностите на платформата MK2025Mentor, Македонија2025 организира и онлајн инфо-сесија која ќе се одржи на 26 јануари 2026 година, со почеток во 16.00 часот (CET), преку Zoom. Регистрираните учесници навремено ќе го добијат линкот за пристап, а на сесијата ќе учествува и главната и извршна директорка на Македонија2025, проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски.
Покрај директното менторство, програмата нуди и други можности за вклучување, како што се кариерни разговори, онлајн предавања и вебинари за стипендистите во различни фази од нивниот академски развој.
Македонија2025 ги охрабрува сите заинтересирани професионалци од земјата и странство да се регистрираат на платформата MK2025Mentor и да се вклучат на начин кој најмногу одговара на нивната експертиза и достапност, придонесувајќи кон развојот на следната генерација млади лидери во земјата.
Секој час посветен на менторство е инвестиција во иднината што сите заедно ја градиме.
За дополнителни информации и прашања, заинтересираните можат да го контактираат тимот на Македонија2025 на scholarships@macedonia2025.com.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
