Топ Вести - Слушај сега
Апликацијата ТикТок во САД ќе продолжи да функционира како американска и одвоено од глобалните операции кои се управувани од Кина. Ова го предвидува договорот со Белата куќа кој предвидува компанијата во САД да основа нов, независен американски ентитет.
Според договорот, клучната промена се однесува на алгоритмот за препорачување содржина, кој ќе биде обликуван исклучиво врз основа на податоци од американски корисници и ќе се чува во заштитената инфраструктура на компанијата „Оракл“ во САД.
Експертите предупредуваат дека ова би можело да го промени начинот на кој корисниците добиваат препораки за содржина, бидејќи самиот алгоритам беше клучен за успехот на апликацијата. Според нив, помалата разновидност на податоци може да резултира со различни препораки во споредба со глобалната верзија. Истите правила ќе важат и за другите апликации на ByteDance со седиште во САД, како што се CapCut и Lemon8.
Мнозинството акции во новото заедничко вложување ќе го поседуваат американски и глобални инвеститори. Трите клучни инвеститори, од кои секој поседува по 15% удел, се американската инвестициска фирма Silver Lake, Oracle и MGX од Обединетите Арапски Емирати. Кинеската матична компанија ByteDance ќе задржи 19,9% удел, додека преостанатите 35,1% им припаѓаат на други инвеститори, вклучувајќи ги Dell Family Office, Vastmere Strategic Investments и Revolution.
Новиот независен субјект ќе биде управуван од седумчлен одбор на директори, во кој мнозинството ќе бидат Американци. Адам Пресер, поранешен вработен во WarnerMedia, е именуван за извршен директор.
Новото раководство вели дека нивниот приоритет е заштитата на податоците на повеќе од 200 милиони американски корисници. Компанијата се обврза на обемни мерки за сајбер безбедност и приватност, кои ќе бидат следени и сертифицирани од надворешни експерти, според водечките индустриски стандарди.
Oracle ќе игра клучна улога во складирањето на податоци на корисниците, следењето на алгоритмите и верификацијата на изворниот код на апликацијата.
Договорот следеше по повеќегодишна политички и правен притисок од администрацијата на САД врз кинеската компанија која управува со апликацијата да го продаде американскиот дел на апликацијата.
Во април 2024 година, беше донесен американски закон кој, повикувајќи се на националната безбедност, бараше продажба на американскиот дел од TikTok поради загриженост дека кинеската влада би можела да го принуди ByteDance да ги предаде податоците за американските корисници, што компанијата постојано го негира.
Апликацијата накратко престана да работи во јануари 2025 година, но Трамп интервенираше и го одложи спроведувањето на забраната.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
