Топ Вести - Слушај сега
Приградски воз се судри со градежен кран во југоисточна Шпанија, во близина на Картагена, во регионот Мурсија. Засега нема официјална информација за бројот на повредени лица, соопштија регионалните служби за итни случаи.
Според нив, возот не излетал од шините, ниту се превртел, што, како што велат, спречило потешки последици.
Инцидентот доаѓа по серијата сериозни железнички несреќи во Шпанија изминатите денови. Во неделата, најмалку 43 лица загинаа во тешка несреќа со брз воз во јужниот регион Андалузија. Само два дена подоцна, во Каталонија се случија уште две железнички несреќи, во кои животот го загуби еден машиновозач, а 37 лица беа повредени.
Шпанскиот железнички оператор „Адиф“ на социјалната мрежа X соопшти дека сообраќајот на оваа железничка линија е целосно во прекин поради „упад на кран кој не припаѓа на железничката компанија во колосекот“, без да изнесе дополнителни детали за околностите на несреќата.
Во меѓувреме, Шпанскиот синдикат на машиновозачи (SEMAF) најави можност за генерален штрајк во железничкиот сообраќај.
„Ќе повикаме на генерален штрајк во целиот сектор со цел да се гарантира безбедноста и довербата во железничката мрежа“, соопшти синдикатот, без да прецизира кога би можел да се одржи штрајкот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
