Топ Вести - Слушај сега
Цените на гасот во Европа вчера го достигнаа највисоко ниво за 7 месеци одразувајќи ја силната побарувачка во услови на нов студен бран.
На референтната холандска дигитална берза TTF, еден мегават-час гас за испорака во февруари изнесуваше 37,34 евра попладне и беше за 3,9% поскап отколку на затворањето на тргувањето во понеделник.
Вчера, неговата цена достигна највисоко ниво од крајот на јуни минатата година, откако се стабилизираше на почетокот на неделата.
Минатата недела, цената на гасот се зголеми за околу 26% и заврши со тргување со цена од 36,88 евра за мегават-час.
На почетокот на годината, цените нагло пораснаа поради студениот бран низ целиот континент. Поради ниските температури, европските складишта се преполовени. Инаку во ова време од годината тие се во просек полни 67%.
Метеоролозите најавија дека температурите повторно ќе паднат кон крајот на месецот, по краткорочно затоплување, а во вторник, според податоците од Гас Инфраструктура Европа (GIE), складиштата на ниво на ЕУ беа исполнети за 49,12%.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
