Топ Вести - Слушај сега
Светот влегува во нова ера на политиката на „големи сили“, каде што, моќта повторно станува поважна од правото. Вака предупреди германскиот канелар Фридрих Мерц на Св етскиот економски форум во Давос.
Мерц нагласи дека мирната атмосфера на швајцарската, како што ја нарече, „магична планина“ во Давос остро се коси со реалноста на планетата.
– Стариот поредок се распаѓа со застрашувачка брзина – рекол тој пред присутните лидери и експерти.
Германскиот канцелар вели дека во минатиот век токму Германија тргнала по истиот пат.
– Не го кажувам ова лесно. Во 20 век, мојата земја, Германија, го тргна овој пат и го влече светот во црна бездна.
Германскиот канцелар ја навел руската агресија врз Украина како симбол на новата нестабилност, но додал дека промените се подлабоки. Кина, според него, станува доминантна сила, а американското глобално водство, како што истакна, „виси на конец“.
Мерц ја поздрави изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување „рамка за иден договор“ со Данска и со Гренланд. Според него, тоа е сигнал дека САД ја сфаќаат сериозноста на руската закана на Арктикот.
– Ние ќе ги заштитиме Гренланд, Данска и Данскиот Север од заканата што ја претставува Русија – рекол Мерц, додавајќи дека Берлин ќе ги брани принципите на суверенитет и територијален интегритет врз кои почива трансатлантското партнерство.
Во завршницата на говорот, германскиот лидер упатил јасно предупредување до сојузниците. Канцеларот вели дека секој обид за стекнување европска територија со сила би бил „неприфатлив“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
