Топ Вести - Слушај сега
Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција.
Скелетот бил пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година, по што е предаден на форензичка анализа.
По неговата анализа е утврдено дека тој му припаѓа на Рахмановски, роден во Македонија во 1976 година.
Според полициското досие, Рахмановски последен пат бил виден вечерта на 16 јули 2003 година, кога го напуштил своето работно место. Оттогаш му се губи секаква трага и сè до идентификацијата на неговиот скелет полицијата немала никакви сознанија што се случило со него.
Полицијата информира дека врз основа на форензичкиот наод е издаден налог за претрес на куќата со надеж дека ќе се добијат повеќе информации за тоа што се случило со жртвата.
Белгиската полицијата воедно бара евентуални сведоци или некој што ќе може да даде какви било информации за Рахмановски или за неговото исчезнување.
Во соопштението на полицијата се нагласува дека со секоја доставена информација ќе се постапува „дискретно“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
