Background

Лагард ја напушти вечерата по остар говор на американскиот секретар за трговија

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Дипломатски инцидент ја одбележа елитната вечера на Светскиот економски форум во Давос, откако американскиот секретар за трговија Хауард Лутник упати остри критики кон Европа, по што претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, демонстративно ја напушти салата, пренесуваат „Фајненшл тајмс“ и „Волстрит џурнал“.

- Advertisement -
Ad image

Настанот се случил на затворена вечера организирана од извршниот директор на „Блекрок“, Лари Финк, каде што Лутник одржал говор во кој директно ја нападнал европската економска и енергетска политика, оценувајќи ја како причина за губење на глобалната конкурентност на континентот.

Лагард си заминала среде говорот

Според извори присутни на вечерата, Лутник во остар тон ги споредувал економските капацитети на Европа и САД, при што, како што наведуваат сведоци, дошло до негодување, довикувања, а дел од гостите ја напуштиле салата.

Во тој момент, Кристин Лагард станала и ја напуштила вечерата, што било сфатено како јасен дипломатски сигнал.

Од Европската централна банка официјално не коментираат, додека портпаролот на Лутник тврди дека „никој не си заминал предвреме“. Неофицијално, од ЕЦБ сугерираат дека Лагард била заморена, но дел од присутните го негираат тоа објаснување.

„Глобализацијата е пропадната политика“

На маргините на Форумот, Лутник дополнително ја засили реториката, оценувајќи дека глобализацијата е „промашен проект“ кој ги оштетил западните економии, а особено американските работници.

Глобализацијата ја поткопа домашната индустриска база и ги ослабе националните економии. Моделот „Америка на прво место“ ги става сопствените работници во центарот и ги охрабрува и другите земји да го разгледаат овој пристап – изјави Лутник.

Тој остро ги критикуваше и европските цели за јаглеродна неутралност до 2030 година, оценувајќи дека ориентацијата кон соларна и ветерна енергија без сопствено производство на батерии ја прави Европа зависна од Кина.

Обвинувања за протекционизам и реакција од Индија

Лутник повторно ги обвини европските земји за трговски протекционизам кон американски производи, наведувајќи примери со пилешко месо, јастози и говедско месо, додека тој самиот важи за силен поборник за воведување царини.

На неговите настапи реагираше поранешниот индиски секретар за надворешни работи, Канвал Сибал, кој на социјалната мрежа „Икс“ оцени дека Лутник се служи со „пригодни измами“.

Сибал потсети дека токму САД биле главниот архитект на глобализацијата по распадот на Советскиот Сојуз, користејќи ја за зацврстување на својата економска и финансиска доминација.

Тензии пред говорот на Трамп

Инцидентот во Давос се случува во чувствителен момент, кога европските лидери се обидуваат да формулираат заеднички одговор на најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за нови царини, поврзани со неговите барања САД да преземат контрола врз Гренланд – барања кои европските официјални лица ги опишуваат како форма на уцена.

На 56-тиот Светски економски форум во Давос, кој трае до 23 јануари, учествуваат околу 3.000 лидери од повеќе од 130 земји, а денеска се очекува и обраќањето на претседателот Трамп пред глобалната елита.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation