Background

Сојузот на синдикати (ССМ) следната недела в среда организира протест за да изрази незадоволство од незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Сојузот на синдикати (ССМ) следната недела в среда организира протест за да изрази незадоволство од незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Протестот ќе почне од 17 часот од зградата на ССМ и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.

- Advertisement -
Ad image

Од ССМ ги повикаа сите работници на кои не им е зголемена платата да се приклучат на протестот.

– Време е заедно да се избориме за достоинствени плати заедно со работниците. Ги повикуваме сите работници на кои не им биле зголемени платите, сите работници кои се чудат како да го врзат крај со крај во месецот, работниците кои ги лажеле газдите дека ќе им ги зголемат платите, да ни се придужат на улица затоа што тие до 31 декември не се договорија да ги зголемат работничките плати и да го унапредат работничкиот стандард. Ги повикуваме работниците затоа што прагот на сиромаштија е 31.200 денари во Македонија, а 33 проценти од 540 илјади работници живеат под прагот на сиромаштија односно одат на работа, а се сиромашни – рече претседателот на ССМ Слободан Трендафилов по денешната заедничка седница на највисоките органи на ССМ на која едногласно беше донесена одлуката на протест.

Трендафилов потсети дека и во анкетата на ССМ работниците се изјасниле дека се подготвени да излезат на протест доколку не се зголемат платите.

– Ова е само првиот чекор што го преземаме од низата чекори што ќе ги преземеме во следниот период, а ќе значат дополнителни протести, дополнителни таргетирани блокади на одредени институции и 24-часовен генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор, а доколку немаат слух ќе собереме 10.000 потписи и ќе станеме овластен предлагач и ќе побараме намалување на функционерските плати за 78% и зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на останатите плати – рече Трендафилов.

Тој додаде дека не верува дека ќе бидат викнати на разговори затоа што, како што вели, цела 2025 година тоа го правеле.

– Уште денеска можат да ја зголемат минималната плата на 600 евра и сите останати плати за 100 евра. Нема да го направат тоа, ниту пак ќе не повикаат на разговор. Ако некој смета дека ние треба само да седиме и да разговараме, тоа го правиме цела 2025 година, а кога ќе седнеме на маса ни велат договорете се вие, а ние тоа ќе го прифатиме. Се додека не ги зголемат работничките плати и се додека слушаме само „ќе“, се дотогаш работниците ќе бидат незадоволни и ќе протестираат – рече Трендафилов.

Минатата година, како што посочи немало драстично зголемување на платите, а веќе од јануари синдикалната кошничка е зголемена за речиси 1.000 денари.

Тој додаде дека со ваквите политики, од државата се иселуваат квалификувани кадри со целите семејства, а се доселуваат странци кои ги пополнуваат работничките места.

– Тоа што ние го укажувавме цела 2025 година, а нив не им се веруваше, се случи. На 1 јануари се зголеми не само минималната плата секаде во регионот, туку и останатите плати. На 50 километри од Скопје работниците може да изберат да работат за повисока минимална плата. Тоа што работодавачите и избраните и именуваните лица не го сфаќаат е дека минатата година легално заминале на работа 11.500 работници во Хрватска, а тројно или четири пати повеќе заминале да работат во една странска држава. Ние сакаме домашните работници, да ги замениме со странци. Затоа квотата е зголемена на 10.000. И на претходната влада и на оваа Влада и го укажувавме тоа – рече Трендафилов.

ССМ повеќе од една година бара зголемување на минималната плата посочувајќи дека растат животните трошоци и дека македонскиот работник станува се посиромашен. Во државите од регионот, освен во Косово, како што посочуваат, минималната плата е над 500 евра.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation