Топ Вести - Слушај сега
„Гренланд е наша територија. Ни треба. Тоа е парче мраз што има огромна улога во безбедноста на светот.“
Со овие зборови, претседателот на САД, Доналд Трамп, го започна најконтроверзниот дел од својот говор на Светскиот економски форум во Давос, отворајќи тема што предизвика тензии меѓу Вашингтон и европските сојузници.
Трамп порача дека Гренланд е стратешки незаштитен, лоциран на критично важна позиција меѓу САД, Русија и Кина, и дека токму поради тоа Америка мора да преземе одговорност.
„Гренланд се наоѓа на клучна стратешка локација. Тој е практично незаштитен, а тоа не смее да биде така. Ни е потребен за национална безбедност и за глобална безбедност. И да бидеме јасни – тоа е наша територија.“
Тој додаде дека ниту една друга земја, освен САД, нема капацитет да го обезбеди островот, нагласувајќи ја американската воена и стратешка надмоќ.
„Ниту една земја освен Соединетите Американски Држави не е во позиција да го обезбеди Гренланд. Ние сме многу посилни отколку што луѓето мислат. Тоа го открија и некои други држави пред неколку недели.“
Трамп рече дека има „огромна почит“ кон народот на Гренланд и кон Данска, но оти Вашингтон сака веднаш да почне преговори за преземање на островот.
„Имам големо почитување кон Гренланѓаните и кон Данска. Но ние сакаме веднаш да започнеме разговори. Ова не е прашање на алчност, туку на безбедност.“
Во свој препознатлив стил, американскиот претседател ја релативизираше големината на барањето:
„Јас не барам многу. Само едно парче мраз што ќе игра клучна улога во одбраната на светот. Тоа е мало барање во споредба со сè што Соединетите Држави им дале на другите во последните децении.“
Критика на Европа: „Се уништува себеси“
По темата за Гренланд, Трамп се префрли на остра критика кон Европа, оценувајќи дека континентот оди во погрешна насока.
„Ја сакам Европа. Моите родители доаѓаат од Европа. Но она што се случува таму денес – тоа не е добро. Европа не оди во вистинската насока.“
Тој директно ги обвини масовната миграција и зелените политики за, како што рече, распаѓањето на европските општества.
„Тие мора да излезат од културата што ја создадоа во последните десет години. Ужасно е што си прават самите на себе. Се уништуваат себеси – овие прекрасни, прекрасни места.“
Трамп нагласи дека САД сакаат силни, а не слаби сојузници:
„Ние сакаме силна Европа. Не сакаме слаба Европа. Слабите сојузници не се добри ниту за себе, ниту за нас.“
„Нова зелена измама“
Во говорот, американскиот претседател повторно ги нападна климатските и енергетските политики што ги промовира Европа.
„Тоа што го нарекуваат зелена енергија е една од најголемите измами во историјата. Нова зелена измама. Огромна измама.“
поред него, токму тие политики ја уништуваат индустријата и економската конкурентност на европските земји.
НАТО и „неблагодарната Европа“
Трамп се осврна и на НАТО, тврдејќи дека алијансата и европските земји не го ценат доволно американскиот придонес.
„НАТО се однесува лошо кон Соединетите Држави. Европа и НАТО не го ценат тоа што го правиме. Ние го браневме светот.“
Потоа следеше една од неговите најконтроверзни изјави:
„Без нас, денес ќе зборувавте германски и јапонски.“
Тој додаде дека САД со децении не барале ништо за возврат.
„Не баравме ништо – и затоа не добивме ништо. Можевме да го земеме тоа ако ја искористевме нашата сила, но не го направивме.“
„Не сакаме ништо – освен Гренланд“
Во завршницата, Трамп повторно се врати на темата што ја одбележа неговата појава во Давос:
„Не сакаме ништо. Навистина. Само го сакаме Гренланд.“
Тој ја спомена и Канада, тврдејќи дека таа има корист од американската заштита:
„Канада добива многу работи бесплатно од нас. Треба да бидат благодарни, но не се.“
Тој се качи на сцената со аплауз од публиката, а на почетокот од својот говор рече дека им се обраќа на бизнис лидерите, пријателите и на „неколку непријатели“. Тој објави дека носи „феноменални вести“ од Соединетите Американски Држави, истакнувајќи ги економските индикатори и затворената граница на САД. Економијата е во подем, рече Трамп, додавајќи дека ваков вид економски раст никогаш не е виден во историјата на Соединетите Американски Држави.
Остри реакции по говорот на Трамп
По говорот на Доналд Трамп во Давос, во кој тој изнесе директни територијални претензии кон Гренланд и остро ја критикуваше Европа, следуваа реакции од европските сојузници и од НАТО. Данска порача дека Гренланд не е на продажба и дека за неговиот статус одлучуваат жителите на островот во рамки на Кралството Данска.
Претставници на Европската Унија и Алијансата оценија дека ваквата реторика создава непотребни тензии меѓу сојузниците и предупредија дека прашањата за безбедност мора да се решаваат преку дијалог и почитување на суверенитетот.
Во поширок контекст, европски дипломати и аналитичари оценија дека настапот на Трамп во Давос се вклопува во неговата долгорочна линија на притисок врз сојузниците, особено околу безбедноста и распределбата на одговорностите во НАТО.
Во САД, дел од политичката опозиција оцени дека ваквите изјави ја комплицираат позицијата на Вашингтон на меѓународната сцена и ги оптоваруваат односите со традиционалните партнери, додека европските престолнини внимателно го следат дали реториката од Давос ќе прерасне во конкретни политички чекори.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
