Топ Вести - Слушај сега
Канадската влада развила симулациски модел за потенцијален американски напад, откако Доналд Трамп неколку пати јавно сугерирал дека Канада треба да стане „51-ва држава“. Според „Телеграф“, сценариото предвидува примена на неконвенционално војување, базирано на искуствата на авганистанските муџахедини против САД.
Генералите процениле дека армијата со 71.500 активни војници и 30.000 резервисти нема шанса во директен судир со американската сила од 2,8 милиони луѓе.
Наместо тоа, Канада би се потпирала на герилски операции, саботажи и беспилотни летала — со цел да им нанесе што поголеми загуби на американските трупи.
Во извештајот се наведува дека американската армија би можела да ја совлада канадската за само 2 дена, по што би следел долготраен отпор во стилот на авганистанските бунтови.
Генералот Џени Карињан најавила создавање резервна сила од 400.000 доброволци, додека висок безбедносен извор проценил дека Отава би имала најмногу 3 месеци за подготовка од моментот на првите индикатори за американско движење кон север.
Иако експертите сметаат дека реална инвазија е малку веројатна, симулацијата покажува дека Вашингтон веќе не се перципира како неприкосновен сојузник. Пензионираниот генерал Мајк Деј изјавил дека „дури и Америка нема доволно војници за да ја окупира цела Канада“.
Паралелно, во Отава расте загриженоста поради геополитичките ставови на Трамп, човекот кој во 2025 година воведе 35% царина кон Канада, а потоа иронично изјави дека „Канада би била подобро управувана како сојузна држава“.
Новиот премиер Марк Карни предупредил дека „се отвора пукнатина во западниот сојуз и во самиот светски поредок“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
