Топ Вести - Слушај сега
Утре во 18:00 часот повторно ќе се одржи протест пред цементарницата УСЈЕ во Скопје. Иницијативата „Стоп Усје“ најави блокада на крстосницата на двата булевари пред фабриката, со цел да се крене гласот против загадувањето на воздухот.
Еколошкиот активист Александар Тодески ги повика граѓаните на масовно учество, велејќи дека тишината убива повеќе од загадениот воздух. Од оваа иницијатива тврдат дека меѓу најголемите загадувачи во главниот град е и цементарницата, која се наоѓа среде густо населено подрачје во Скопје.
– Kој е тој што самиот си го мери квалитетот на воздухот и би рекол за себе дека е загадувач?! А кој го загадува воздухот сите го знаеме и го чувствуваме. Ние не им веруваме на вашите мерења и затоа треба да се исполнат нашите барања. Со заеднички сили можеме да вршиме надзор над УСЈЕ и загадувањето што го предизвикува оваа цементарница – вели Александар Тодески.
Едно од барањата на иницијативата е мерната станица кај Усје, поставена од Општина Кисела Вода во 2023 г., да започне со континуирано 24/7 мерење и јавно прикажување на податоците во реално време. Истата да биде интегрирана со сите јавни апликации за квалитет на воздухот (пр. AirCare), наместо досегашното парцијално објавување резултати преку ПДФ документи на веб-страницата на општината. Дополнително, да се постават повеќе мерни станици во поширокиот простор околу Усје, со цел јавноста транспарентно и во реално време да го следи нивото на загадување.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
