Топ Вести - Слушај сега
Нерешени 29:29 на дуелот на македонските ракометари против Португалија во дуелот од второто коло. Ова е првиот бод за нашите ракометари во групата.
Македонските ракометари имаа два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија – 13:15. Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а кон средината на полувремето македонските ракометари поради 3 исклучувања имаа 6 минути играч помалку. Никола Маркоски доби и црвен картон во 15. минута. Во неколку наврати Португалија во напад играше и „7 на 6“.
Почетокот на вториот дел беше во знакот на Португалија која поведе и со 18:13, а по тајм аутот на Лазаров македонските ракометари намалија на два негатива (20:22). Водството на противникот повторно се зголеми, но македонските ракометари не се предаваа и постојано вршеа притисок на противникот и ја намалуваа предноста на Португалија. Со голот на Серафимов во 55. минута прв пат изедначивме во вториот дел.
До крајот се играше гол за гол, а последниот напад на Португалија траеше премногу долго. Во тие моменти голманот Мартин Томовски имаше две одбрани за конечни 29:29.
Кузмановски со 15 голови беше најефикасен на натпреварот. Во вторник противник за македонските ракометари е селекцијата на Романија.
По ремито со Португалија за пласман во следната фаза ќе ни биде потребна математика за да стигнеме на второто место во групата.
Македонските ракометари во првиот дуел загубија од Данска со 24:36 и имаме негатива од 12 гола, додека Португалија по првиот дуел има плус 6 .
Во последното коло противник ни е Романија и за пласман на второто место ќе треба да имаме висока победа, а притоа Данска да стигне до убедлив триумф против Португалија.
Победа против Романија во третото коло од групата на македонските ракометари може да ни го донесе и второто место во групата, но секако ќе го чекаме исходот од дуелот на Данска и Португалија, кој се игра по нашиот натпревар.
Освојување и на третото место во групата, како една од варјантите (потребна ќе биде победа над Романија) ќе значи подобар вкупен пласман и евентуално избегнување на играње на два баража за Светското првенство следната година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
