Background

БЛЕР, РУБИО И БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАР ВО ОДБОРОТ ЗА МИР ВО ГАЗА

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Американскиот претседател Доналд Трамп го објави составот на „Одборот за мир во Газа“, каде што, според Трамп, седат имиња со тежина – поранешниот британски премиер Сер Тони Блер, државниот секретар на САД Марко Рубио и бугарскиот политичар Николај Младенов.

- Advertisement -
Ad image

Соопштението од Белата куќа потврди дека одборот е дел од планот на Трамп од 20 точки, со кој сака да стави крај на војната меѓу Израел и Хамас.

Трамп лично ќе претседава со одборот, кој ќе го надгледува управувањето и реконструкцијата на Газа. Дел од извршниот круг се и Џаред Кушнер, зетот на Трамп, пратеникот Стив Виткоф, претседателот на Светската банка Аџај Банга и бизнисменот Марк Роуан.

– Ова е најголемиот и најпрестижен одбор некогаш формиран во кое било време, на кое било место – изјави Трамп при промоцијата.

Составот на новата Газа

Блер веќе има искуство во Блискиот Исток, каде што во минатото делуваше како пратеник на Квартетот на меѓународните сили. Уште во август тој присуствувал на состанок во Белата куќа, каде што со Трамп разговарале за иднината на Газа.

Паралелно со овој одбор, е формиран и палестински технократски комитет – Националниот комитет за администрација на Газа (NCAG), предводен од Али Шаат, поранешен заменик-министер во Палестинската самоуправа.

 

 

Младенов ќе го претставува одборот на терен, каде што ќе соработува со NCAG и со Меѓународните сили за стабилизација (ISF).

Американскиот генерал-мајор Џаспер Џеферс ќе ги води тие сили, задолжени за безбедност и воспоставување ред по години на насилство.

Втората фаза на планот

Мировниот план, кој стапи на сила во октомври, веќе ја заврши првата фаза – прекин на огнот, размена на заробеници и делумно повлекување на Израел. Втората фаза вклучува реконструкција и демилитаризација на територијата.

– САД очекуваат Хамас целосно да ги исполни своите обврски, вклучително и предавањето на телото на последниот израелски заложник – предупреди Виткоф.

Но, прекинот на огнот останува кревок. Според податоци на Министерството за здравство на Газа, повеќе од 450 Палестинци се убиени по стапувањето во сила на договорот, додека Израел пријавува три загинати војници во напади на палестински групи.

Повеќе од 71.000 загинати

Обединетите Нации предупредуваат дека условите во Газа се катастрофални, со милиони жители што немаат основни средства за живот. Војната, која започна по нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, остави зад себе повеќе од 71.000 загинати, според палестински извори.

Белата куќа најавува дека нови членови на одборот ќе бидат именувани во наредните недели, а главната цел е „Газа без терор и со иднина“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation