Топ Вести - Слушај сега
Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, се стекна со „Ниво 3″ акредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми.
Сертификацијата на „Ниво 3″ – претставува потврда дека скопскиот аеродром ефикасно управува и ги намалува своите емисии на јаглерод, додека во исто време активно ги ангажира и своите партнери во нивното управување со емисиите на јаглерод.
Акредитацијата за управување со емисии на јаглерод ја дава Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International – ACI) во рамките на нивната глобална програма за акредитација управување со емисии на јаглерод на аеродроми (Airport Carbon Accreditation – ACA).
Постојат 7 нивоа на сертификација: „Ниво 1″, „Ниво 2″, „Ниво 3″, „Ниво 3+”, „Ниво 4″, „Ниво 4+” и „Ниво 5″.
Обврска е аеродромите да постигнувате јаглеродна неутралност до 2030 година и нето-нулта емисии на јаглерод до 2050 година.
За да се постигне третото ниво, Меѓународниот Аеродром Скопје, соопштија оттаму, спроведе низа значајни мерки, меѓу кои: имплементација на програма за енергетска ефикасност и мониторинг во согласност со меѓународните методологии, надградби на системите за осветлување на јавната и воздухопловната зона со високоефикасни LED инсталации, воведување програми за оптимизација и унапредување на енергетските перформанси на системите за греење, вентилација, климатизација, распоредување на хибридна аеродромска опрема и поддршка во транзицијата кон еколошки прифатлив возен парк.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
