Background

Викендот носи заладување и слаби врнежи

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Денешниот ден носи претежно сончево време низ целата земја, со мала до умерена облачност и тивка атмосфера. Во утринските часови, особено по котлините, можно е појавување на магла, па се препорачува внимателност во сообраќајот.

- Advertisement -
Ad image

Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а утринските температури ќе бидат ниски, со минимални вредности од -6 до 1 степен. Во текот на денот ќе биде посвежо, но пријатно за зимски услови, со максимални температури од 6 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и мирно, со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до -4 степени, додека дневната ќе достигне околу 9 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, за време на викендот следува промена на времето. Се очекува променливо облачно и постудено време, со услови за слаби врнежи од дожд и снег во пониските места, додека на повисоките предели и на планините ќе има снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

По викендот, од почетокот до средината на следната седмица, времето повторно ќе се стабилизира, со суви и мирни денови.

Сибирска експлозија ни следува по 20 Јануари, дали ќе имаме под -25°C?!

Веќе многу добро знаеме сите дека од овој викенд Македонија влегува во нов ладен период кога повторно очекувам пад на температурите и појава на мразеви особено во ноќните и во утринските часови. Овој ладен бран кој ќе продре од исток и од североисток повремено ќе условува да имаме слаби локални врнежи кои полека ќе преминат во снег и во градовите. Но сепак како што кажав се работи за слаби и локални снежни врнежи без најава за формирање на голема снежна покривка.

Повеќе за прогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation