Топ Вести - Слушај сега
Густ чад се издигал над центарот на Утрехт, додека пожарникарите се бореле со огнот што избувнал по силна експлозија во станбена зграда во четврток попладне.
„Неколку згради се урнаа по експлозијата. Четири лица беа повредени и пренесени во болница“, соопштија локалните власти.
Градоначалничката на Утрехт, Шерон Дијксма, изјави дека засега не се знае дали има луѓе заробени под урнатите делови.
– Не сме сигурни дали сè уште има луѓе закопани под урнатините. Полицијата интензивно работи на истрагата – рече Дијксма.
Пожарот беснеел и во вечерните часови. Безбедносните служби предупредиле дека пристапот во делот околу експлозијата е небезбеден поради ризик од ново уривање.
Истрагата ја води локалната полиција, која засега не се сомнева во намерен чин. Истекување на гас се смета за можно објаснување, но причината сè уште не е потврдена.
Неколку згради се делумно урнати, прозорци скршени, а покриви оштетени. Ударниот бран предизвикал штета и надвор од самата зона на експлозијата.
Жителите кои морале да ги напуштат своите домови се привремено сместени во хотел во близина. „Градот ќе обезбеди сместување колку што е потребно“, стои во соопштението на општината.
Едно од повредените лица се лекува во болница во Утрехт. Болницата, пак, ја затворила својата итна служба поради безбедносни причини.
Службите за психолошка поддршка им пружаат помош на жртвите и сведоците на несреќата. Се очекува градоначалничката Дијксма вечерва повторно да се обрати со нови информации.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
