Background

Обвинителката Тополова Исајловска се исплашила дека ќе конкурира за Републички јавен обвинител

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

„Паушални и избрзани наводи на В.Д. Републичкиот јавен обвинител од причини што истата се смета за загрозена од мојата изјава дека размислувам да конкурирам за местото Републички јавен обвинител“.

- Advertisement -
Ad image

Ова е одговорот на поранешниот шеф на вишото јавно обвинителство и актуелен адвокат Мустафа Ахјрулахи на обвинувањата од јавниот обвинителт Анита Тополова Исајловска.

Хајрулахи вели дека е вџашен од неоснованите обвинувања и наводи на Тополова Исајловска, која побара казнени мерки од Адвокатската комора заради неговиот настап на ТВ Алфа во кој тој изнесе многу, за многумина непожелни, вистини за катастрофалните состојби во ЈОРМ.

„Вџашен од непромислената и избрзана реакција од страна на в.д Јавниот обвинител на РМ, Анита Тополова Исајловска по повод мојот настап на ТВ Алфа, во емисијата „За или против“ со тоа што истата до Адвокатската комора на РМ, денеска поднела Претставка против мене, а во врска со мојот настап, најостро ги демантирам сите наводи и сметам дека истите се паушални и избрзани од причини што истата се сметала за загрозена од мојата изјава дека „размислувам да конкурирам за местото Републички јавен обвинител.“ Неможејќи да поднесе конкуренција, на овој начин се справува со истата“, вели Хајрулахи за македонски Курир.

Да биде појасно за читателите, во претставката поднесена до Адвокатската комора на РМ наведено е дека „Јавното обвинителство во целост ги отфрла ваквите неосновани напади, кои претставуваат обид за лична дискредитација и директно нарушување на уставно и законски гарантираната самостојност на јавните обвинители и на обвинителството“.

„Ваквиот јавен настап е спротивен на општиот принцип број 5 од Кодексот за професионална етика на адвокатите кој им забранува на адвокатите да се рекламираат и да бараат личен публицитет на недостоен начин, што вклучува и изнесување невистини и навреди на лична основа кон професионалци и кон други државни органи“, се вели во претставката.

Хајрулахи енергично ги демантира наводите од претставката на ЈО до Адвокатската комора.

„Во мојот настап на „За или против“ никого не нападнав или се обидов да лично да дискредитирам, туку едноставно си ги кажав моите видувања по однос на моменталната ситуација во која се наоѓа Јавното обвинителство во целина бидејќи до пред скоро време бев Виш јавен обвинител на најголемото обвинителство во државата. Ако некој се нашол повикан, тоа не е мој проблем“.

Тој објаснува и зошто цитирањето на општиот принцип број 5 не функционира во овој случај:

„По однос на цитираниот принцип број 5 од Кодексот за професионална етика на адвокатите, а кој се однесува на личното рекламирање на адвокатот истиот гласи „Адвокатот не смее да се рекламира или да бара личен публицитет на недостоен начин“ и дека не се смета за рекламирање објавувањето на основни податоци за адвокатот на наеговата лична веб страница на интернет, туку забрането е истакнување на имиња и називите на клиентите кои адвокатот ги застапувал и ги застапува на неговата веб страна. Ова значи дека од страна на подносителот на претставката, наводите во истата се паушални и истите ги сметам за вид на притисок кон мене, а се со цел да не конкурирам на објавениот оглас за местото Јавен обвинител на РМ“.

Хајрулахи истакнува дека Кодексот експлицитно наведува дека адвокатот не смее да дозволи влијанија од трети лица порачувајќу ѝна Тополова Исалјовска дека нема да дозволи таа, од позиција на моќ, да влијае на неговите ТВ настапи или на неговите мислења:

„По однос на општиот принцип бр. 1 од Истоимениот Кодекс ќе наведам дека истиот гласи „Во извршување на своите обврски адвокатот е независен и не смее да дозволи никакви влијанија од трети лица или неговите лични интереси или интересите на трети лица и надворешен притисок да влијае на него во извршувањето на неговите обврски кон клиентот. Адвокатот е должен да не дозволи никакво нарушување на неговата независност и да не ги прекрши своите професионални принципи со цел да удоволи било кому па и на неговиот клиент“, што значи, драга поранешна почитувана колешка, во никој случај нема да дозволам, Вие од позиција на моќ, како ВД Јавен обвинител на РСМ да влијаете на моите настапи и на моите искажани мислења, а кои се однесуваат на подобрување на моменталната хаотична состојба во која се наоѓа Јавното обвинителство на РСМ“.

Кон крајот од интегралната реакција за Курир, Хајрулахи ја повикува В.Д. обвинителката на јавно соочување.

„Ѝ предлагам на сегашната ВД обвинителка Анита Тополова Исајловска да одбере кој било медиум, место и време за да подискутираме за состојбите во ЈОРМ, се’ со цел да се помогне во издигнувањето на Јавното обвинителство. Со почит, Вашиот поранешен колега јавен обвинител, а сега адвокат, Мустафа Хајрулахи“.

Реакцијата Хајрулахи ја завршува споменувајќи и нов можен скандал на доскорешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски.

„П.С. Кој му дозволил на Љупчо Коцевски и покрај тоа што на истиот му се констатираше оставка – недела дена по констатирањето на оставката да користи службено возило од ЈОРМ, службен возач од ЈОРМ, како и и канцеларијата во ЈОРМ?“

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation