Топ Вести - Слушај сега
Џон Хинкли помладиот, човекот кој во 1981 година се обиде да го убие американскиот претседател Роналд Реган, повторно ја вознемири јавноста со бизарна изјава дека „е причината зошто Џоди Фостер станала лезбејка“.
Во интервју за TMZ, Хинкли тврдеше дека неговиот неуспешен обид за атентат толку ја потресол актерката што „се одвратила од мажите“.
– Мислам дека ја трауматизирав и дека мојата фасцинација со неа остави длабоки последици – изјавил тој, промовирајќи ги своите мемоари „Џон Хинкли Џуниор: Кој сум јас навистина“.
Хинкли, кој во младоста бил опседнат со актерката уште од филмот „Таксист“, во кој таа глумела малолетничка проститутка, признал дека додека студирала на Јеил успеал да го дознае бројот на нејзината соба и дури ѝ пуштал песни под врата.
– Се гледав себеси како Травис од ’Таксист‘. Мислев дека ако го убијам претседателот, ќе ја импресионирам Џоди – рекол Хинкли.
Во март 1981 година тој навистина заминал во Вашингтон со револвер со калибар 22 и испукал шест куршуми за 1,7 секунди, ранувајќи го тогашниот претседател Реган и уште тројца членови на обезбедувањето. Поротата го прогласи за невин поради лудило, а следните 3 децении ги помина во психијатриска установа.
– Поротата направи правилна работа – тврди Хинкли денес, додавајќи дека повеќе не зема лекови и живее „мирен живот“.
TMZ контактирал со тимот на Џоди Фостер, но таа досега не дала коментар.
Во филмот „Таксист“ во кој игра Фостер, главниот лик сепак прави нешот друго. Тревис, ликот, не пука во претседателскиот кандидат, тукузавршува како локален херој убивајќи тројца мажи кои сексуално ја експлоатираат малолетната Ирис (која ја игра Џоди).
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
