Топ Вести - Слушај сега
Албанскиот премиер Еди Рама повторно им се потсмеваше на Црна Гора и на Грција, овој пат на панел-дискусија во рамките на самитот одржан во Обединетите Арапски Емирати.
„Како Грк, секогаш ги потценувате другите луѓе затоа што верувате дека имате монопол врз филозофијата и дека сте директни наследници на Платон и Аристотел, но не сте“, рече Рама.
Зборувајќи за Црна Гора, Рама иронично додаде:
„Црна Гора е најголемата и најмоќната земја во регионот. Има 50 милиони жители. Мали сме, но Црна Гора е таа“, рече Рама во видео објавено на платформата Икс.
Не му е првпат на Рама да се мајтапи и со иронични коментари да испраќа сериозни критики до соседите.
Кон крајот на октомври, на панелот во рамките на Берлинскиот процес во Лондон, тој се „спречка“ со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.
Додека Спајиќ зборуваше, Рама често го прекинуваше велејќи дека Црна Гора има два збора „црна и планинска“. Кога црногорскиот премиер објаснуваше колку е стара Црна Гора и дека ја вратила својата независност во 2006 година, Рама повторно направи упад велејќи дека Црна Гора е „постара од Грција и од Србија“.
За некои, Рама во тоа време само се шегуваше, некои ги протолкуваа упадите на албанскиот премиер како „потсмев“ на сметка на Црна Гора, додека видеото на платформата Икс беше опишано како „тензии меѓу двајцата премиери“ за време на заедничкиот панел.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
