Background

Тимоти Басфилд е задржан во притвор по ново обвинение за сексуална злоупотреба на малолетничка

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Холивудскиот актер Тимоти Басфилд се појавил пред судот откако беше обвинет за сексуален контакт со малолетник и злоупотреба на дете. Басфилд изјавил дека обвинувањата не се вистинити. Ова доаѓа во време кога се појави ново обвинение за сексуална злоупотреба во кое е вклучено 16-годишно девојче, известува NBC News.

- Advertisement -
Ad image

На актерот, добитник на Еми и режисер, Тимоти Басфилд (68), му било наредено да остане притворен по обвинението за сексуална злоупотреба на деца-глумци со кои соработувал во телевизиско шоу во Ново Мексико, откако против него се појавија нови детали за посебно обвинение за недолично однесување.

Новото обвинение за сексуална злоупотреба со кое се соочува Басфилд се однесува на инцидент што, според жалбата, се случил пред неколку години во Сакраменто, Калифорнија и во него учествувало девојче кое во тоа време имало 16 години, пишува „Ен-би-си њуз“.

Инаку, Басфилд ѝ се предал на полицијата во Албукерке на 13 јануари, откако неколку дена претходно бил издаден налог за негово апсење. Истиот ден, тој бил обвинет за две точки за кривичен сексуален контакт со малолетник и една точка за злоупотреба на дете. Обвинителите побарале тој да остане во притвор до почетокот на судењето.

Во барањето за притвор, поднесено на 14 јануари, се споменува и нова жалба поднесена до полицијата од Колин Свифт, татко на новата наводна жртва. Според документот, Свифт ѝ кажал на полицијата дека Басфилд сексуално ја нападнал неговата ќерка за време на аудиција во театарот „Б Стрит“.

Наводно, за време на аудиција во театарот ‘Б Стрит’, Басфилд ја бакнал, ги ставил рацете во нејзините панталони и ги допирал нејзините интимни делови.

Во обвинението се наведува дека Басфилд наводно го молел семејството да не го пријавува случајот во полиција ако му дозволат да оди на терапија. Според судските записи, Свифт е психотерапевт по професија и во тоа време мислел дека тоа е најдоброто што може да го направи.

Басфилд е основач на театарот „Б Стрит“, кој го основал во 1986 година под името „Театар за деца, Инк“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation