Топ Вести - Слушај сега
Со вечерашните дуели меѓу Франција и Чешка, како и Шпанија и Србија, од 18 часот официјално започнува 17. Европско првенство во ракомет за мажи. Континенталниот спектакл, во организација на ЕХФ, ќе трае до 1 февруари, кога се закажани натпреварите за медали.
Данска, Норвешка и Шведска се домаќини на ЕП 2026, што е вторпат во историјата шампионатот да се одржува во три држави, по изданието во 2020 година. Натпреварите ќе се играат во повеќе градови, а завршницата и финалето се закажани во Хернинг, Данска.
На турнирот ќе настапат 24 репрезентации, по четврти пат откако е воведен проширениот формат. Директен пласман обезбедија трите домаќини, како и актуелниот европски шампион Франција, додека останатите селекции до место на ЕП стигнаа преку долгите квалификации што се одвиваа од 2023 до 2025 година.
Екипите се поделени во шест групи од по четири селекции, по што следуваат главната рунда, полуфиналињата и борбата за медали. Освен престижната титула, шампионатот има и квалификациско значење за Светското првенство во 2027 година во Германија.
Франција ја брани титулата освоена на претходното Европско првенство, каде во драматично финале ја совлада Данска со 33:31 по продолженија.
Дел од ЕП 2026 е и македонската репрезентација, за која ова ќе биде деветто учество на европските шампионати. Најголемиот успех „црвено-жолтите“ го имаат во 2012 година во Србија, кога го освоија петтото место.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров својот прв настап ќе го имаат утревечер од 20:30 часот против кодомаќинот Данска. Во групата Б, покрај Македонија и Данска, се и селекциите на Португалија и Романија, а сите натпревари од оваа група ќе се играат во Хернинг.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
