Топ Вести - Слушај сега
Седум европски авиокомпании се меѓу 25-те најбезбедни во светот, според новото глобално рангирање на AirlineRatings.
Анализата опфати 320 авиокомпании, земајќи ги предвид бројот и сериозноста на инцидентите, вкупниот број летови, староста на флотата, обуката на пилоти и резултатите од безбедносните проверки. Посебен критериум, што е новина во методологијата на оценување е спречувањето на турбуленции.
Во 2026 година, „Етихад Ервејс“ го зазеде првото место во однос на безбедноста, што е прв пат компанија од Заливот да го предводи рангирањето, симнувајќи го од тронот „Ер Њу Зеланда“.
Меѓу првите 5 се дури 3 авиокомпании од регионот на Блискиот Исток, а на целокупната листа доминираат компании од Азиско-пацифичкиот регион.
Извршната директорка на AirlineRatings, Шерон Петерсен, истакна дека разликите меѓу авиокомпаниите се намалуваат, но дека рангирањето сепак мора да се базира на мерливи критериуми.
„Туркиш ерлајнс“ повторно е прогласена за најбезбедна европска авиокомпанија оваа година, заземајќи го 12-то место на светската ранг-листа. Националниот турски превозник, со седиште во Истанбул, го држи и светскиот рекорд по бројот на земји до кои лета, а Скајтракс ја прогласи за шеста најдобра авиокомпанија во светот во 2025 година.
Последната фатална несреќа на Туркиш ерлајнс се случи во 2009 година, кога девет патници и членови на екипажот загинаа при слетувањето во Амстердам.
Веднаш зад неа, на 13-то место (глобално), е „Вирџин Атлантик“, компанија која немала ниту една фатална авионска несреќа од нејзиното основање во 1984 година.
На листата на најбезбедни европски превозници за 2026 година се наоѓаат и: „ТАП Ер Португал“ (16-то), САС (17-то), „Бритиш ервејс“ (18-то), „Иберија“ (20-то) и „Луфтханза“ (21-во).
Во посебната категорија на нискобуџетни авиокомпании, европските компании сочинуваа 40% од листата.
Најбезбедната европска нискобуџетна авиокомпанија во 2026 година е „easyJet“, и таа го освои 5 место на глобално ниво, а од своето основање во 1995 година, никогаш не доживеала фатална несреќа.
По нив следат:„ airBaltic“ (7-мо место), „Wizz Air“ (9-то место), TUI (11-то место), „Vueling“ (12-то место), „Norwegian“ (13-то место), „Jet2“ (17-то место), „Ryanair“ (18-то место), „Transavia“ (20-то место) и „Eurowings“ (21-во место).
Авиокомпаниите добиваат оценка од 7 ѕвезди, а само оние со максимална оценка влегуваат во првите 25.
Системот ги казнува сериозните инциденти поврзани со пилотите, додека фаталните несреќи во последните 10 години значат губење на три ѕвезди. Тероризмот, киднапирањата и самоубиствата не се вклучени во проценката.
Меѓународните прегледи како што се проверката за безбедност на IATA, евалуацијата на ICAO и американската проценка на FAA се исто така земени предвид, а за прв пат оваа година се оценува и учеството во програмата IATA Turbulence Aware.
Според проценката реалните стапки на инциденти се исклучително ниски – помеѓу 0,002 и 0,09 по лет – што, и покрај повремените проблеми, го потврдува високото ниво на безбедност на целата индустрија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
