Background

Нов ладен и влажен бран: Викендов повторно ќе имаме врнежи, ќе има и снег

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Постепена промена на времето повторно очекувам за време на викендот кој доаѓа (Сабота и Недела 17 и 18 Јануари 2026). Територијата на Македонија повторно ќе потпадне под влијание на значително поладен и влажен воздушен бран од исток и од североисток. Во ваква ситуација температурите повторно позначително ќе опаднат а особено во недела на 18 Јануари повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде долж Повардарието.

- Advertisement -
Ad image

Исто така во ваква ситуација облачноста ќе се зголеми и ќе имаме повремени локални врнежи од дожд и од снег во пониските места (градовите) и само врнежи од снег во повисоките населени места и на планините каде очекувам формирање на нова снежна покривка како и нејзино проширување.

Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме повремени локални послаби врнежи од дожд и од снег а особено во Недела на 18 Јануари повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Наутро температурите за време на викендот кој доаѓа ќе бидат значително пониски особено во Недела на 18 Јануари кога тие ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 4 степени а исто така значително пониски температури ќе имаме и преку ден и тие ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени.meteoalarm

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation