Основното јавно обвинителство – Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци, осомничено дека на 11 јануари на свиреп начин ја лишило од живот својата мајка.
Како што информира Обвинителството, настанот се случил во стан во Богданци, каде што двајцата живееле под закуп. Според наводите, меѓу мајката и синот избила расправија околу лекувањето на осомничениот, по што тој зел нож од кујната и ѝ нанел повеќе убоди во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да ѝ задава убоди, па откако и тие се свиткале од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел, со кој ја прободел во вратот. Од бројните убоди жената искрварела и починала, се вели во соопштението на Обвинителството.
Поради постоење околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоците, што треба да бидат испитани во текот на постапката, јавниот обвинител предложи на лицето да му биде определена мерка притвор.
Tagged as:
Обвинителството изнесе детали од грозоморното мајкоубиство во Богданци
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
