Background

Турчинот Кадир Кара осуден, ќе биде протеран по издржување на казната

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Tурскиот државјанин Кадир Кара е осуден на 17 години затвор за убиството на турски студент во кафуле на плоштадот во Штип, објави на Канал 77.

- Advertisement -
Ad image

Кара, роден во 2003 година, доби и мерка протерување од државата по отслужувањето на затворската казна, за убиството извршено на 8 мај годинава. Тој ја призна вината и за убиството и за неовластеното држење оружје на рочиштето одржано на 19 декември минатата година, по што судот му ја изрече казната. Притворот му е продолжен до почетокот на издржувањето на затворската казна.

Судот информира дека постапката против уште четворица обвинети, кои се товарат за помагање при извршување на убиството, продолжува. Денеска беа изведени докази, а следното рочиште е закажано за 20 јануари во Основниот суд во Штип.

Според истрагата, групата обвинети преку криминални канали набавила пиштол во Скопје, на кој бил избришан серискиот број. Кара по доаѓањето во Македонија бил сместен во стан во комплексот Џевахир Сити во Скопје, со помош на други турски државјани со регулиран престој во земјава.

На денот на убиството, околу 18:30 часот, тројца од обвинетите го превезле Кара со автомобил од Скопје до Штип. Претходно, преку „Instagram“ и „WhatsApp“, тој договорил средба со жртвата во „Вами кафе“ на штипскиот плоштад. По кратко задржување, Кара се упатил кон тоалетот, по што се вратил со изваден пиштол и испукал шест куршуми кон студентот.

Тешко ранетиот 25-годишник, исто така турски државјанин, бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде што починал од хеморагичен шок, односно обилно крварење.

По убиството, групата се обидела да ја избегне полициската потрага, па повикале женско лице, студентка на трета година по медицина во Штип, да ги превезе назад за Скопје. Таа, иако знаела дека е извршено убиство, прифатила да помогне.

Околу 21:30 часот, по барање на еден од обвинетите, студент на дентална медицина, жената со својот автомобил ги презела тројцата помагачи на паркинг во Штип, а потоа и Кара во центарот на градот, со цел сите да бидат однесени во Скопје.

Кога се приближиле до наплатната станица „Миладиновци“ и забележале полициско присуство, возилото запрело околу 300 метри пред рампата, за да му овозможи на Кара да избега. Сепак, полицијата ги запрела и уапсила тројцата обвинети помагачи, а набргу бил лоциран и приведен и самиот извршител на убиството. Оружјето со кое било извршено убиството било пронајдено и одземено.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation