Background

На највисоко ниво со почитување на верските традиции и граѓански обичаи Охрид ќе ја одбележи најмaсовната верско- културна манифестација во земјава, Богојавление – Водици

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

На највисоко ниво со почитување на верските традиции и граѓански обичаи Охрид ќе ја одбележи најмaсовната верско- културна манифестација во земјава, Богојавление – Водици.
Заедно со Владиката г. Георгиј, претставници од МПЦ, јавните претпријатија, од МВР, Капетанија, Црвен крст и нуркачите клубови денеска ги дефиниравме сите детали со цел настанот да биде реализиран во најдобар ред.
Централните празнувања се на 19 јануари. Започнуваат во раните утрински часови со свети и празнични литургии во сите парохиски цркви, по што трите литии од црквите Св. Богородица- Каменско, Св. Георги – Горна Влашка Мала и Св. Никола -Геракомија ќе се упатат кон градското пристаниште. Чинот на полагањето на Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде во 10 часот од Колцето на пристаниште, а ќе го изврши Митрополитот Дебарско – кичевски г. Георгиј.
Во 12 часот на плоштадот „Св. Климент Охридски“, концерт ќе одржат фолк дивите, Елена Андоноска и Елена Велевска, а ќе се служи и топла ракија за сите верници и добронамерници. По традиција истиот ден од 9 до 15 часот, Црвен Крст – Охрид ја спроведува традиционалната крводарителска акција во ЦК „Григор Прличев“, „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ“ . Екипи на Црвен Крст ќе се задолжени и за безбедноста на капачите.
Истиот ден кај месноста Сараиште точно напладне свештено лице ќе го изврши бесплатното групно крштевање.
Наредниот ден, на 20 јануари кај Сараитше со заедничко капење и настап од охридскиот музички еснаф ќе се одржи денот на рибарите. Како и минатата така и годинава за организација на граѓанскиот дел од манифестацијата е задолжена Општтина Охрид, а за црковниот дел Дебарско-кичевската епархија.
До 17 јануари, Централното градско подрачје и крајбрежјето треба да блеснат во празничен декор, а за чистотата на езерското дно ќе се погрижат нуркачите од двата охридски нуркачки клубови, „Амфора“ и „Охрид“.
Во тек е и пријавувањето на капачите во сите парохиски цркви во градов. На 18.01.2026 (недела) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“.
Упатуваме апел и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и да се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со температура од околу 9 степени целзиусови.
На настанот се најавени и се очекуваат претставници од дипломатскиот кор и останати претставници од политичкиот и јавниот живот во државава.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation