Топ Вести - Слушај сега
БЕЛЧИШТА – Општина Дебрца објави јавен повик за субвенционирање на трошоците за полагање возачка дозвола Б категорија, со што го исполнува ветувањето дадено кон младите жители на општината.
Мерката е наменета за сите жители на општина Дебрца кои во моментот на аплицирање немаат навршено 21 година, без оглед на нивниот социјален и економски статус. По успешно завршен процес на полагање на возачкиот испит, апликантите ќе добијат еднократна субвенција од 20.000 денари.
Градоначалникот Златко Сиљаноски, објавувајќи го повикот на социјалните мрежи, истакна дека со оваа мерка општината инвестира во младите. “Инвестираме во младите – иднината почнува денес!”, напиша Сиљаноски.
Заинтересираните кандидати можат да го подигнат барањето од Архивата на Општина Дебрца или да го преземат од официјалната веб-страница www.debrca.gov.mk. Пријавите треба да се достават лично, во затворен коверт, во архивата на Општина Дебрца во село Белчишта.
Субвенционирањето на возачките дозволи претставува значајна поддршка за младите луѓе од руралните средини, каде мобилноста често претставува предизвик при пристап до образование, работа и други услуги.
Повеќе информации за условите и процедурата за аплицирање се достапни на веб-страницата на општината.

Tagged as:
Општина Дебрца субвенционира возачки дозволи за младите: Ветувањето е исполнето
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
