Топ Вести - Слушај сега
Европската Унија можеби ќе треба да создаде комбинирани воени сили од околу 100.000 војници, кои би да ги замениле американските трупи во Европа, смета еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус.
– Дали САД би биле воено посилни ако имаа 50 армии на ниво на држави, наместо една федерална армија? Педесет државни одбранбени политики и одбранбени буџети на ниво на држави, наместо една федерална одбранбена политика и буџет? Ако нашиот одговор е „не“, нема да бидат посилни, тогаш што чекаме ние – праша Кубилиус на обраќање на Безбедносна конференција во Шведска.
Според него, во услови кога се соочува во руската агресија врз Украина и заканите на САД кон Гренланд, ЕУ мора да направи нова „голема експлозија“ („Биг Бенг“) за повторно обмислување на заедничката одбрана на Европа, која би се базирала на три столба – повеќе инвестиции во производствените одбранбени капацитети, подготвени и поорганизирани институции и постоење политичка волја за одвраќање и доколку е потребно и за борба.
– Треба да почнеме да ги инвестираме нашите пари на таков начин што ќе можеме да се бориме како Европа, а не како збир од 27 национални „бонсаи армии“, рече Кубилиус, додавајќи дека на тој начин „како што пред 10 години предлагаа Жан-Клод Јункер, Емануел Макрон и Ангела Меркел“ Европа би можела да создаде постојани „европски сили“ од 100.000 војници.
За таа цел, според него, би требало да се формира Европски совет за безбедност.
– Европскиот совет за безбедност би можел да биде составен од клучни постојани членови, заедно со неколку ротирачки членови, вклучувајќи ја и земјата што претседава со Советот на ЕУ. Плус раководството на ЕУ: претседателите на Комисијата и Европскиот совет. Вкупно 10-12 членови, со задача да дискутираат за најважните прашања во одбраната. И не само да дискутираат, туку и брзо да подготвуваат важни одлуки – рече Кубилиус.

Според оваа идеја, постојани членки на тој Совет би биле Германија, Италија, Полска, Франција и Шпанија, а во него би требало да биде вклучена и Велика Британија.
Создавањето тело по моделот на „Европски совет за безбедност“ претходно го споменаа и францускиот претседател Макрон и поранешната германска канцеларка Меркел. Подоцна тоа беше дел од изборната програма на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за Европските избори во 2024 година, а таквата идеја неодамна ја спомена и поранешниот претседател на Европскиот совет Шарл Мишел.
Tagged as:
Се предлага европска армија под команда на Европски совет за безбедност
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
