Background

Иако снабдувањето со електрична енергија во Берлин повторно е воспоставено за илјадници потрошувачи по неодамнешниот напад врз енергетската инфраструктура, германските градови мора итно да се подготват за нови, големи прекини

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Иако снабдувањето со електрична енергија во Берлин повторно е воспоставено за илјадници потрошувачи по неодамнешниот напад врз енергетската инфраструктура, германските градови мора итно да се подготват за нови, големи прекини, предупредува синдикатот на државни службеници „dbb“.

- Advertisement -
Ad image

Според претседателот на синдикатот, Волкер Гајер, последниот инцидент покажал сериозни слабости во системот за управување со кризи.

– Берлин покажа дека не сме подготвени за вакви ситуации. Ова е катастрофа – изјави Гајер во интервју за весникот Рајниш Пост.

Тој нагласи дека е неопходна итна ревизија на механизмите за контрола и на законските обврски што ги имаат операторите на критичната инфраструктура.

– Она што се случи во Берлин може да се случи каде било и во секое време – во Келн, Штутгарт или Минхен. Државата не смее да изгледа толку беспомошно – предупреди Гајер.

Граѓаните, како што додаде, оправдано очекуваат институциите да реагираат брзо и ефикасно во кризни ситуации. Синдикатот „dbb“ обединува повеќе од 1,2 милиони јавни службеници и вработени во поврзани приватни сектори.

Големиот прекин на струја во југозападен Берлин беше предизвикан од подметнат пожар на електрични кабли, за кој властите се сомневаат дека е дело на левичарски екстремисти. Инцидентот траеше од саботата до средата, при што околу 100.000 граѓани останаа без струја, греење, интернет и мобилна телефонија, во период кога температурите паднаа значително под нулата.

Гајер ја посочи приватизацијата на критичната инфраструктура како една од клучните причини за немоќта на државата во вакви кризни ситуации.

На проблемот реагираше и претседателот на Германскиот сојуз на градови, Кристијан Шухардт, кој нагласи дека снабдувањето на болниците и домовите за стари лица со резервни генератори е од суштинско значење.

– Уште подобро би било доколку со мобилни електрани можеме да снабдуваме цели населби со топлинска и електрична енергија – изјави Шухардт.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation