Топ Вести - Слушај сега
Осумнаесетгодишник без возачка дозвола ја усмртил пешачката Љуба Јаковлеска во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба Капиштец, а потоа избегал од местото на трагедијата без да ѝ укаже помош.
Несреќата се случила на 9 јануари на улицата Народен фронт, кога младиот возач управувал „фолксваген пасат“ со неприспособена брзина и извршил опасно престројување во спротивна коловозна лента, без да се увери дека тоа може да го направи безбедно.
Во тој момент, тој ја удрил Јаковлеска, која како пешак го минувала коловозот. Од силниот удар и падот на асфалтот, жената се здобила со тешки повреди и итно била пренесена во Ургентниот центар, каде подоцна починала.
Наместо да застане и да ѝ помогне, возачот го напуштил местото на несреќата. Подоцна, со помош на уште две лица, маж и жена, бил пренесен надвор од државата преку граничниот премин Табановце.
Двете лица кои му помогнале во бегството се уапсени по нивното враќање во земјава, а за нив е побаран притвор. Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за тешко кривично дело во сообраќајот и за неукажување помош.
За 18-годишниот возач, кој сè уште е во бегство, исто така е побаран притвор, а по негово пронаоѓање ќе следува и меѓународна потерница.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
