Топ Вести - Слушај сега
Вицпремиерот во Владата на Мицкоски, Иван Стоилковиќ присуствувал на настан во Република Српска, со путиновите „Ноќни волци“.
Во објавата на социјалните мрежи Стоилковиќ дури се фали дека на овие настани повеќе од него присуствувал само Никола Селаковиќ, српски министер за култура кој е обвинет за сакндалот со Генералштабот и за кој има закажано судење на 4 февруари.
Ова доаѓа поради голем корупциски скандал откако Џаред Кушнер, зетот на Трамп, ја повлече својата фирма од проектот во Белград поради корупција и криминал.
Дали ова е мафијашкиот филм за кој зборува тендер парнерот на Мицкоски, Максим и ЗНАМ?
Не е ова коинциденција. Ова е доказ за сè што зборува СДСМ и за поврзаноста на ВМРО на Мицкоски и СНС на Вучиќ.
Заедно и изборите ги најавија на Божиќ, на најголемиот христијански празник, само Вучиќ еден час пред Мицкоски, тоа беше разликата.
Се прават заедно, copy-paste!
Уште заедно се и со путиновите Ноќни волци. Има ли сега некој што не му е јасно?
Дали Стоилковиќ е офицер за врски со СНС и Русија во владата на Мицкоски?
Дали сега на сите им е јасна анти – ЕУ кампањата на владата на Мицкоски, намерната изолација за да продолжат криминалните тендери?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
