Топ Вести - Слушај сега
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, денеска најави дека неговата коалиција ќе го прими, но веднаш ќе го врати мандатот за состав на нова влада на Бугарија, предупредувајќи дека земјата се соочува со уште поголем хаос и политичка нетрпеливост.
– Ќе го земеме и ќе го вратиме мандатот, но ве предупредувам дека хаосот ќе биде уште поголем, а омразата меѓу партиите ќе расте, бидејќи нема политичка класа со која може да се постигне договор – изјави Борисов за време на вклучување во живо на неговиот Фејсбук-профил од Враца, пренесува БТА.
Претходно, од прес-службата на бугарскиот претседател Румен Радев соопштија дека шефот на државата в понеделник, на 12 јануари, ќе му го врачи мандатот за состав на влада на кандидатот за премиер предложен од најголемата парламентарна група во 51-то Народно собрание – ГЕРБ-СДС.
Борисов го оцени управувањето во изминатите 11 месеци како најуспешно во последните децении, истакнувајќи дека и покрај бројните изборни циклуси, успеал да состави, како што рече, „апсурдна малцинска коалиција“ која постигнала клучни геостратешки цели.
– Резултатите се видливи, земјата е полноправна членка на Шенген, бидејќи само Бугарија во цела Европа успеа на законски начин да ја запре нелегалната миграција – посочи лидерот на ГЕРБ.
Тој го истакна и влезот на Бугарија во еврозоната, упатувајќи благодарност до граѓаните, институциите и бизнис-секторот.
Според него, државниот буџет за 2025 година бележи приходи за 13,9 милијарди лева повеќе во споредба со 2024 година.
– На овие избори сме сами против сите и мора да дадеме таков резултат за земјата да не биде доведена во хаосот во кој се наоѓа веќе четири години – додаде Борисов, нагласувајќи дека во моментов е неопходна целосна мобилизација за претстојните избори.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
