Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, нагласи дека СДСМ никогаш не го проблематизира проектот „Сејф сити“ од аспект на безбедноста, туку се отвора друго сериозно и суштинско прашање – кој, како и со каква контрола располага со податоците за движењето на граѓаните и возилата. Филипче децидно посочи дека клучната дилема не е безбедноста, туку заштитата на демократијата, приватноста и спречувањето на можни злоупотреби.
„Легализација на масовен надзор без соодветни ПИ мерки преку системот „Сејф сити“ со 65 илјади камери овозможува дигитален надзор над движењето на граѓаните. „Сејф сити“ никој не го проблематизира од аспект на безбедноста, туку од аспект на тоа кој и како располага со податоците од „Сејф сити“- движењата на луѓето, возилата, поединците, тоа е тоа што јас го прашувам, никако од аспект на безбедноста, да не се спинува во таа насока“, изјави Филипче.
Како што кажа Филипче, дополнителен проблем е целосното отсуство на законска регулатива.
„Никако со ниту еден закон системот „Сејф Сити“ не е регулиран, ниту пак се знае како и на кој начин можат тие податоци и во која цел да се користат“, рече Филипче.
Притоа, Филипче додаде дека со воведувањето дигитален надзор, контролата врз овие системи станува клучно демократско прашање, и затоа е важно да има техничка влада, за да нема злупотреби.
„И кога за граѓаните се воведува дигитален надзор, контролата на овие системи станува прашање за опстанок на демократијата. Технички министер за внатрешни работи од опозицијата е гаранција дека овој систем нема да се злоупотреби за следење на движења на поединци од опозицијата, активности на опозиции кандидати и активности за време на кампањата“, посочи Филипче.
Во тој контекст, Филипче нагласи дека техничката, односно Пржинската влада, е неопходна за институционален баланс.
„Така што, техничката влада ќе гарантира некаков институционален баланс“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=qTIRKYXHQOw
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
