Background

НА РИСТОСКА СЕГА Ѝ Е ДОБАР СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Советот на јавни обвинители ќе отвори постапка по известувањето на обвинителката Ленче Ристоска против премиерот Христијан Мицкоски, откако тој ја нарече „медиокритет“ и дел од „клиентелистичко-политичка матрица“, а таа реагираше дека со ваквите изјави се врши притисок и се нарушува нејзината самостојност во работењето.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Советот Башким Бесими во кратка изјава за „Слободен печат“ потврдил дека го примиле известувањето од Ристовска и ќе постапуваат според донесениот Правилник за обезбедување и гарантирање на самостојноста на јавните обвинители, односно ќе формираат Комисија која ќе треба да донесе заклучоци. Правилникот беше донесен во ноември минатата година.

„Надворешно нарушување на самостојноста претставува секое постапување на лица надвор од Јавното обвинителство и Советот на јавните обвинители со кое се загрозува професионалниот интегритет на јавните обвинители и може да се оцени како нарушување на самостојно, одговорно, законито, непристрасно и објективно извршување на јавнообвинителската функција“, предидува правилникот.

Советот формира комисија од тројца членови, која може да прибира податоци и информации за утврдување на околностите. Комисијата може да побара од Мицкоски писмено или усно да се произнесе.

Премиерот Мицкоски во видео интервју за порталот Вечер.мк ја критикува Ристоска дека таа била најгласна за новите измени на Кривичниот законик.

– Недостасуваат измените на Кривичниот законик бидејќи некој претходно направил авантура (зборувам за измените на претходната влада) и добро, поднесовме измени на КЗ до Собранието. Веднаш излегоа поединци, и тоа најгласен коментатор беше еден поранешен припадник на поранешното СЈО, кој вели дека со овие нови измени се намалувале казните и овозможувале да се досудат, внимавајте, значи они веќе ги осудија луѓево, да се досудат условни казни. А претходно немаше никакви казни, ама тогаш не ги слушнавме кога оние ги бришеа комплетно од КЗ. Замислете каква им е матрицата на размислување. Пазете, обвинител коментира веќе досудена работа. Бидејќи обвинителот и адвокатот се две спротиставени странки во процесот. И сега јас ја слушам и просто не можам да верувам со каков тип на медиокритети ние имаме работа. Но, во ред, тоа е тоа – рече премиерот Мицкоски.

Ристоска побара и јавно извинување од премиерот за навредите и професионалните дисквалификации кон неа.

„По однос на интервјуто на премиерот во кое за мене беа изнесени навреди и неосновани професионални дисквалификации, презедов соодветни институционални и лични чекори за заштита на мојата чест, углед и професионална самостојност. Претседателот на Владата изнесува неточни и понижувачки вредносни судови, имплицирајќи дека сум „медиокритет“ со „клиентелистичко-политичка матрица“, а дополнително ме поврза и со целосно измислени тврдења за изјави кои не сум ги дала, со очигледна тенденција да се доведе во прашање мојот професионален интегритет. Со цел заштита на мојот личен и професионален углед, од Претседателот на Владата писмено побарав јавно извинување и повлекување на спорните наводи. Истовремено, писмено го известив и Советот на јавни обвинители, укажувајќи дека со ваквиот јавен говор се нарушува мојата самостојност во вршењето на јавнообвинителската функција. Нагласувам дека Претседателот на Владата е и претседател и законски застапник на политичката партија која е опфатена во кривични постапки во кои јас постапувам како јавен обвинител и има јасен правен интерес од нивниот исход. Поради тоа, овие изјави ги доживувам како несоодветен притисок врз мојата работа и обид да се влијае врз моето постапување и одлучување“, најави обвинителката Ристоска.

Пред две години обвинителката Ристоска тврдеше дека Советот на јавни обвинители е извор на тргување на влијание и треба да се реформира.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation