Топ Вести - Слушај сега
Рене Никол Гуд, жената која во Минеаполис беше застрелана од агент за миграција, е писателка, поет и мајка на три деца, објавија западните медиуми. Снимка на која агентот го протерува болничарот што се обидува да дојде до неа за да ѝ го опипа пулсот предизвика бура на социјалните мрежи.
Мајката на Рене, Дона Гангер, едвај ја изговорила реченицата:
– Толку е глупаво. Веројатно била исплашена.
Се појавија спротивставени наративи околу тоа што довело до пукањето. Портпаролката на Одделот за внатрешна безбедност, Триша Меклафлин, тврди дека жената „го вооружила своето возило, обидувајќи се да ги прегази нашите полицајци во обид да ги убие“.
Локалните власти, пак, велат дека виделе видео кое ги побива тие тврдења.
На социјалните мрежи се појави уште едно видео на кое може да се слушне како доктор се обидува да стигне до жена за да ѝ го провери пулсот и да види дали е жива, по што друг агент го брка и му вели да се оддалечи.
Сепак, снимката не е официјално потврдена.
Гуд, 37-годишна, по потекло од Колорадо, живеела во Минеаполис со својот партнер. Таа зад себе остави три деца, најмалото со покојниот сопруг Тими Реј Меклин, кој почина во 2023 година.
Во изјавата за „Минесота Стар Трибјун“, мајката раскажала дека ќерка ѝ не била дел од никакви протести.
– Рене беше една од најљубезните личности што сум ги познавала. Го сакаше секого, простуваше, им помагаше на соседите.
Нa бдеењето пред нејзиниот дом, стотици луѓе држеа свеќи и скандираа „Рене!“. Соседите рекле дека не можат да поверуваат дека токму таа жена, убава, тивка, добродушна, заврши под куршумите на државата што ја сакаше.
Гуд дипломирала креативно пишување на Универзитетот „Олд Доминион“ во Вирџинија. Добитничка на награда за поезија во 2020 година, активна на социјалните мрежи, каде се опишувала како „поетеса, писателка и мајка, која пишува, чита и создава неуредна уметност“.
Соседите ја паметат како личност што секогаш им носела чај и насмевка. Мери Радфорд, 27, раскажала:
– Го сакаше нашето куче. Секогаш доаѓаше со синчето. Беше толку топла жена.
Видеата од местото покажуваат темноцрвен теренец опколен од агенти на службата за мигранти. Еден агент се приближува, друг отвора оган – три истрели. Возилото удира во паркиран автомобил.
Во следната снимка, човек облечен во медицинска униформа се обидува да се доближи за да ѝ го провери пулсот, но агент му довикува да се оддалечи.
Федералните служби не го потврдија настанот со болничарот, но локалните активисти тврдат дека лекар бил спречен да ѝ помогне.
Претседателот Доналд Трамп на својата мрежа Truth Social напиша дека агентот бил „сурово прегазен“ и дека реагирал во самоодбрана. Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем изјави дека жената „ги следела полицајците цел ден“ и го претворила возилото во оружје.
Но, локалните организации, меѓу нив и Советот за американско-исламски односи (CAIR-MN), ја отфрлија таа верзија:
– Таа почина затоа што ги сакаше своите соседи – и зјави Џајлани Хусеин.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
