Топ Вести - Слушај сега
МВР расчисти три кривични дела „измама“ и едно „измама во обид“ и притоа ја уапси А.Ј. (23) од Скопје, која на социјална мрежа објавила оглас дека издава станови под наем во Тетово.
Откако ќе се договорела за наводно издавање на станот, таа телефонски ги убедувала жртвите да уплатат пари на сметка во една банка или преку возач на автобус да ѝ ги испратат во коверт во Скопје. Исто така, таа измамила едно лице при уплата за резервација во хотел во Охрид.
По остварен контакт со трето лице од Тетово за издавање стан, лицето пријавило во СВР Тетово, кои пак во координација со Единицата за економски криминал, преку возач на автобус испратиле празно плико, а откако таа дошла до возачот да го земе пликото, била лишена од слобода.
А.Ј. била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случаите против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
