Топ Вести - Слушај сега
Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил нов пакет санкции против Русија, потврди синоќа сенаторот Линдзи Греам по средба во Белата куќа. Со тоа, како што јавува „Политико“, Вашингтон подготвува нов притисок врз Москва и нејзините сојузници, во момент кога мировните обиди околу Украина повторно запаѓаат во ќорсокак.
– По продуктивниот состанок денес со претседателот Трамп, тој даде зелено светло за двопартискиот закон за санкции против Русија на кој работам со сенаторот Ричард Блументал и други колеги – изјави Греам, нагласувајќи дека гласањето би можело да се одржи веќе следната недела.
Од Белата куќа потврдија дека претседателот го поддржува предлог-законот, иако сè уште не е јасно дали конечната верзија целосно ќе ги задоволи барањата на администрацијата.
Законот, според документите што ги објави „Политико“, предвидува воведување на секундарни санкции врз држави што продолжуваат да купуваат руска нафта и гас. Мерките би ги засегнале Кина, Индија и други партнери кои, и покрај западните рестрикции, одржуваат економски врски со Москва.
– Украина прави отстапки за мир, додека Путин продолжува да убива невини – додаде сенаторот Греам, повикувајќи на „навремено и цврсто гласање“ во Сенатот.
Иако претходни обиди за ваков закон беа заглавени во процедурите, американските аналитичари проценуваат дека сега, со експлицитната поддршка на Белата куќа, предлогот има реални шанси да помине.
Од друга страна, Дејли Мејл и Телеграф напишаа дека по успешната воена акција на САД во Венецуела и апсењето на Николас Мадуро, Трамп би можел да ја „трампа“ Венецуела за Украина.
Tagged as:
Трамп дал зелено светло за санкции за Москва
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
