Background

Грчките земјоделци утре ќе ги паузираат протестите и ќе празнуваат

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Од 18 до 22 часот по македонско, односно од 19 до 23 часот по грчко време, според информациите на дописничката на МИА од Атина, повторно ќе биде затворен граничниот премин Евзони – Богородица за влез и излез од Грција за сите возила, додека пак во следните два дена не се планирани блокади поради утрешниот празник Водици во Грција.

- Advertisement -
Ad image

Земјоделците од северниот дел на земјата кои од 1 декември нивните трактори ги паркираа на граничниот премин Евзони – Богородица исто како и вчера, така и денеска на четири часа ќе го блокираат сообраќајот за сите видови возила.

Во однос на следните денови, со оглед на тоа што утре во Грција се празнува Богојавление, земјоделците од целата земја, исто како и за Божиќ и Нова година, планираат да ги отворат сите автопатишта за непречено патување на граѓаните.

Според информациите на МИА, ова ќе важи и за Евзони и во вторник и среда не се планирани блокади.

На вчерашниот состанок на земјоделците од цела Грција, беше одлучена 48-часовна блокада, односно в четврток и петок да се блокира целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци во Грција, како и граничните премини.

Земјоделците од Евзони ќе учествуваат во конкретните 48-часовни активности, но планираат в среда да одржат состанок за да донесат одлука за видот на блокадата, односно дали граничниот премин ќе биде затворен два дена само за камиони или за сите возила.

Протестите на земјоделците траат над еден месец, започнаа на 30 ноември, а нивниот став е дека ќе дојдат на дијалог со Владата, само доколку бидат исполнети сите нивни барања.

За земјоделските протести, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис свика вонреден состанок.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation