Топ Вести - Слушај сега
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека венецуелската потпретседателка Делси Родригез би можела „да плати повисока цена“ од соборениот лидер Николас Мадуро, „ако не го стори она што е исправно“.
– Обновата на земјата не е лоша работа. Венецуела е банкротирана. Оваа земја е катастрофа во секој поглед. Ако Родригез не сака да го прави она што е исправно, ќе плати многу висока цена, веројатно повисока од цената што ја плати Мадуро – изјави Трамп во телефонско интервју за списанието „Атлантик“.
По вчерашниот напад врз Венецуела и грабнувањето на Мадуро, Трамп првично ја пофали Родригез и изјави дека таа ќе соработува со Соединетите Американски Држави. Кратко потоа, Родригез му одговори дека нејзината земја ќе ги заштити своите природни ресурси.
Во интервјуто за „Атлантик“, американскиот претседател ја бранеше својата одлука за насилно заробување на Мадуро, истакнувајќи дека промената на режимот е подобра од актуелната состојба.
– Реставрацијата и промената на режимот, како и да ја наречете, се подобри од она што го имаме таму во моментов. Не може да биде полошо – рече Трамп.
Тој, исто така, изјави дека и други земји, особено Гренланд, би можеле да бидат цел на интервенција од страна на САД.
– На другите е сами да проценат што значи американската воена акција во Венецуела за Гренланд. Апсолутно ни е потребен Гренланд. Потребен ни е за одбрана – рече Трамп, зборувајќи за островот кој е дел од Данска, членка на НАТО.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖