Background

Прскалки ставени во шишиња е можна причина за пожарот кој избувна за време на новогодишната забава во барот „Констеласион“ во швајцарското одморалиште Кран-Монтана, во кој загинаа повеќе од 40 лица, а 115 беа повредени

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Прскалки ставени во шишиња е можна причина за пожарот кој избувна за време на новогодишната забава во барот „Констеласион“ во швајцарското одморалиште Кран-Монтана, во кој загинаа повеќе од 40 лица, а 115 беа повредени, објави денеска француската телевизиска станица БФМ.

- Advertisement -
Ad image

Фотографијата објавена на веб-страницата на БФМ ги прикажува гостите на барот, претежно млади луѓе, како држат шишиња шампањ високо во рацете, со прскалки во нив, додека искри се расфрлани нагоре, близу таванот. Пламенот е видлив и на еден дел од таванот.

Швајцарскиот весник „Темп“ вчера објави, повикувајќи се на сведоштва од две Французинки кои биле во барот, дека можна причина за пожарот се декоративни свеќи кои, како што е наведено, биле закачени премногу блиску до таванот на барот.

Тие рекоа дека свеќите, заглавени во празни шишиња шампањ, биле закачени премногу блиску до дрвениот таван, кој лесно се запалил, а пожарот брзо се проширил на подот на барот.

Тие рекоа дека целиот ентериер бил направен од дрво и дека пожарот брзо се проширил.

Испаничени, посетителите на барот се обиделе да избегаат низ влезната врата.

-Излезот бил доста мал со оглед на бројот на луѓе внатре. Некој скршил прозорец за да можат луѓето да излезат – рекла една од Французинките.

Според француски пар кој бил на местото на настанот, евакуацијата била многу тешка бидејќи скалите што воделе надвор биле исто така исклучително тесни, објави Би-Би-Си.

-Имавме голема среќа, додадоа тие, наведувајќи дека „околу 200 луѓе се обидувале да излезат во рок од 30 секунди“.

Главната обвинителка на кантонот Вале, Беатрис Пилу, вчера на прес-конференција изјави дека истрагата ќе утврди дали се почитувани сите безбедносни стандарди.

Медиумите објавија дека сопственици на барот биле двајца Французи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation