Топ Вести - Слушај сега
Рекордна посетеност и специјални полициски сили обезбедуваат безбедност на младите туристи
Охрид, најголемиот туристички центар во Северна Македонија, бележи рекордна посетеност за новогодишните празници. Градот е исполнет до последно место, со колони автобуси од Србија и Бугарија, како и недогледни автомобилски колони кои влегуваат во градот.
Посетителите на Охрид за новогодишните празници се претежно од помладата популација, што ја мотивирало Македонската полиција да стави посебен акцент на безбедноста. Богатата новогодишна програма низ угостителските објекти и ноќните клубови работат со полн капацитет, што бара зголемено присуство на безбедносните сили.
Охридското МВР изготвило посебен план за зачувување на безбедноста во градот, имајќи предвид дека посетителите се претежно млади луѓе. Според информации на редакцијата Охридскај, во Охрид се упатени силни полициски сили кои ќе бидат дополнителна поддршка на локалната полиција при СВР Охрид.
Клучен елемент на безбедносниот план е присуството на припадници на специјалните елитни полициски сили при МВР. Овие единици ќе патролираат низ градот и ќе бидат на располагање за брза интервенција доколку е потребно.
Зголемените безбедносни мерки имаат со цел да обезбедат мирно и безбедно празнување на новогодишните празници, со посебно внимание на локациите каде се собираат млади посетители – угостителските објекти и ноќните клубови.
Со ваквата организација, Охрид повторно го потврдува својот статус на безбедна и најатрактивна туристичка дестинација во државата за празничниот период.
Сашо ДЕНЕСОВСКИ
Tagged as:
Охрид под засилени безбедносни мерки за новогодишните празници
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖