Background

Се скрши новогодишната магија за илјадници патници во Европа

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Работата за санирање на дефектот во железничките линии меѓу Евротунелот помеѓу Британија и Франција продолжи и во текот на ноќта, а некои линии на „Еуростар“ и „ЛеШатл“ оттогаш се делумно обновени, но работат со значителни задоцнувања, јавува Би-Би-Си.

- Advertisement -
Ad image

Илјадници луѓе останаа заглавени на пероните и терминалите во тунелот поради прекин на електричната енергија, што предизвика хаос во пресрет на новогодишните празници. Патувања биле откажани, семејства останаа во автомобилите натерминалите за поаѓање, а некои дури биле затекнати во подземните линии под Ла Манш не можејќи да го продолжат патот кон Франција.

Се работи за проблем со надземните кабли за струја и дефект на воз на „ЛеШатл“. Според Би-Би-Си, најмалку десет возови на „Еуростар“ помеѓу Лондон, Париз, Брисел и Амстердам биле откажани уште пред пладне. Компанијата се извинила на патниците и понудила враќање на средствата, промена на датумот на патување или е-ваучер.

Патниците чекаа 6 до 7 часа за да се отстрани дефектот.

Очај и солзи на станиците

Меѓу патниците имало и туристи кои патувале со аранжмани планирани месеци претходно. Американките Хејли Адамс и Хана Хагар, кои требало да стигнат во Париз за роденден, биле принудени да платат повеќе од 580 долари за лет од Лондон и дополнителна ноќ во хотел.

– Тука сме веќе пет часа, редиците не се движат, сите сме уморни – изјавила Адамс.

Во исто време, семејство од Мексико, предводено од Монсерат Ернандес, се надевало дека „патувањето на животот“ нема да заврши на станицата Сент Панкрас.

– Велат дека денес нема превоз. Ова изгледа како американски филм – рекла таа, барајќи алтернативен лет за Париз.

 

 

Патници заглавени под Ла Манш

Во францускиот град Кале, Бен Кларк со своето семејство бил меѓу стотиците кои останале во „ЛеШатл“.

– Првите часови не беа толку лоши, но децата стануваат немирни. Ги потрошивме сите закуски и немаме план Б – изјавил тој.

Обнова на сообраќајот преку една линија

Компанијата „Гетлинк“, управувач на Евротунелот, соопштила дека дел од сообраќајот е обновен преку еден од двата тунела, со доцнења од пет часа. Оштетениот воз бил извлечен, а патниците биле предупредени да не патуваат кон Сент Панкрас доколку нивниот воз е откажан.

Првата линија на „Еуростар“ тргнала од Лондон кон Брисел нешто по 16 часот. Возилата што чекале да се качат предизвикале метеж и на автопатот М20 кај терминалот Фолкстоун.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation