Background

Во белградската општина Земун во четвртокот вечерта 15-годишно момче било тешко повредено во брутален напад што го извршиле неколку маскирани лица

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Во белградската општина Земун во четвртокот вечерта 15-годипно момче било тешко повредено во брутален напад што го извршиле неколку маскирани лица, потврди Третото основно јавно обвинителство во Белград.

- Advertisement -
Ad image

Според досегашните информации што ги објавија српските медиуми, нападот бил планиран.

Според сомневањата, два автомобила пресретнале група малолетници, по што од возилото излегле неколку непознати лица со фантомки на главите. Ги прашале децата „за кого навивате“, по што другите момчиња успеале да избегаат, додека 15-годишникот останал на лице место.

Напаѓачите брутално го претепале детето со дрвени стапови. Од ударите тоа има сериозни телесни повреди, вклучувајќи масивно внатрешно крварење, оштетување на црниот дроб и на слезината, како и тешки изгореници на нозете и на гениталиите, кои му биле нанесени од запалена факел.

Детето е на интензивна нега во Институтот за мајки и деца во Белград.

Третото основно јавно обвинителство почна итна истрага за стравичниот напад.

„Запленети се видео снимки од приватни куќи, продавници и од градските камери на улицата Угриновачка, како и од сите можни патишта за бегство кон Нов Белград и кон Алтина. Се проверува комуникацијата преку мобилни телефони во критичниот временски период, за да се утврди кои броеви биле активни на таа локација. Од местото на настанот се запленети траги и предмети што може да содржат биолошки материјал од напаѓачите“, соопшти обвинителството.

Поради сериозноста на повредите, постои можност кривичното дело да се преквалификува од тешка телесна повреда во обид за тешко убиство.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation