Background

Грчките земјоделци и денес планираат две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони-Богородица

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Како и во изминатите три дена, така и денеска, грчките земјоделци планираат две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони-Богородица, со што ќе биде во прекин сообраќајот за сите возила за влез и излез од Грција во периодот од 11 до 15 часот по македонско (12 до 16 по грчко време) и од 17 до 21 часот (од 18 до 22 часот по локално време), јави дописничката на МИА од Атина.

- Advertisement -
Ad image

Се очекува земјоделците од утре до петок да ги тргнат блокадите поради новогодишните празници за да го олеснат патувањето на граѓаните, како што беше случај и минатата седмица за Божиќ, а в сабота на заеднички состанок да ги одредат нивните следни чекори.

Протестите на земјоделците траат веќе еден месец, започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

На граничниот премин Евзони, блокадата започна ден подоцна, на 1 декември откако земјоделци од северна Грција ги паркираа нивните трактори на грчката страна од границата, а речиси секојдневно во изминатиот месец на неколку часа го блокираат сообраќајот за сите возила.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Action 24“ се осврна и на протестите на земјоделците изразувајќи надеж дека во периодот од Нова година до Водици во вторник, земјоделците ќе ги тргнат блокадите и ќе го олеснат патувањето на граѓаните, „без големи тешкотии и непријатности“.

– Колку повеќе се измачуваат граѓаните, толку повеќе земјоделците ја губат оправданоста на нивните барања, особено кога одбиваат да дојдат на дијалог – нагласи Мицотакис.

Додаде дека не треба да се заборави дека во Грција има речиси 400.000 професионални земјоделци, на блокадите можеби има 4.000 трактори, „но огромното мнозинство од земјоделците и сточарите не учествуваат во блокадите“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation