Топ Вести - Слушај сега
Американската музичка ѕвезда Бијонсе официјално стана милијардерка, со што таа се приклучи на малата група музичари чие богатство ја надмина границата од една милијарда долари. Меѓи нив се: Тејлор Свифт, Ријана, Брус Спрингстин и сопругот на Бијонсе, Џеј-Зи, објави магазинот Форбс.
Форбс претходно ја процени нето- вредноста на пејачката на 800 милиони долари, најавувајќи дека поради низа успешни проекти таа наскоро ќе го надмине прагот од една милијарда.
Најголем раст на богатството имаше со светската турнеја „Ренесанса“ („Renaissance“) во 2023 година, со која заработи речиси 600 милиони долари. Дополнителен приход заработи и преку концертниот филм од турнејата, договор склучен со синџирот кина AMC, од кој Бијонсе задржа речиси половина од 44 милиони долари од вкупната заработка.
Успехот ѝ продолжи со албумот „Каубој Картер“ („Cowboy Carter“) од 2024 година, кој доби одлични критики и ѝ ја донесе првата „Греми“ награда, за албум на годината.
Според Форбс, преку истоимената турнеја остварила повеќе од 400 милиони долари од продажба на билети, како и дополнителни 50 милиони долари од рекламни производи.
Форбс наведува и дека Бијонсе остварила околу 50 милиони долари од настап на полувремето на божиќен НФЛ натпревар на Нетфликс, како и дополнителни 10 милиони долари од рекламна кампања за Левис.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖