Крис Џенер (70) е повторно во центарот на вниманието овој Божиќ, овојпат, поради нејзиниот младешки изглед на празничната фотографија со долгогодишниот партнер Кори Гембл (45).
Имено, иако помлад цели 25 години, според обожавателите на социјалните мрежи, Кори изгледа постар од „мама“ Џенер, а причината за тоа се нејзините естетски кореции вредни 100.000 долари.
Откако беше објавена фотографија од раскошната божиќна забава на семејството Кардашијан-Џенер, интернетот беше преплавен со коментари.
– Сега е Кори постар од неа! – напиша еден корисник, додека други ја вклучија и нејзината 41-годишна ќерка Клое во дискусијата, додавајќи: Клое изгледа исто. Некои се пошегуваа и за сериозниот израз на лицето на Кори кој ретко може да се види насмеан.
Оваа празнична фотографија доаѓа само неколку дена откако Крис ги засени двете нејзини ќерки Клое и Кајли Џенер на заедничките фотографии, каде што изгледаше, како што велат нивните следбеници на социјалните мрежи, како да им е сестра.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖