Background

Евзони блокиран за патници и камиони

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Грчките земјоделци на граничниот премин Евзони и денеска го блокираат сообраќајот за сите возила за влез и излез од Грција. Акцијата се спроведува во два четиричасовни термини: од 11 до 15 часот по македонско време (12 до 16 по локално време) и од 17 до 21 часот (18 до 22 часот по локално време), јавува дописничката на МИА од Атина.

- Advertisement -
Ad image

По пауза од четири дена за божиќните празници, земјоделците низ цела Грција во саботата одново започнаа со блокадите. На преминот Евзони, тие веќе трет ден протестираат со две четиричасовни блокади за патнички и товарни возила.

Од АМСМ информираа дека грчкиот премин Ники (Меџитлија) ќе биде затворен за сообраќај на товарни возила од 10 до 16 часот, додека, според грчката новинска агенција АНА-МПА, блокадата за камионите ќе трае 12 часа. Исто така, не е исклучена можноста за едночасовна блокада и за патничките возила во вечерните часови.

Низ цела Грција денеска кулминираат блокадите – во попладневните часови три часа ќе бидат блокирани и споредните патишта што ги поврзуваат Атина и Солун. На тој начин, земјата ќе биде практично поделена на два дела, бидејќи, освен што автопатот е веќе блокиран, дополнително затворен е и автопатот Јониа, што ги поврзува градовите Антирио и Јанина.

Се очекува и за Нова година, односно од утре до петок, блокадите делумно да се тргнат за да се олесни патувањето на граѓаните. Сепак, тракторите ќе останат паркирани во една од коловозните ленти како знак на протест.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември поради зголемените трошоци за производство и ниските цени на нивните производи, како и скандалот со европските земјоделски субвенции. Главното барање на земјоделците е исплатата на заостанатите субвенции.

Граничниот премин Ники (Меџитлија) затворен за товарни моторни возила

Грчкиот премин Ники (Меџитлија) е затворен за сообраќај на товарни моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Како што информираат од АМСМ, затворањето на сообраќајот ќе биде од 10:00 до 16:00 часот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation