Топ Вести - Слушај сега
Косово се подготвува да започне со производство на своето прво воено оклопно возило – моделот „Шота“, дизајниран во Албанија, како дел од триаголен одбранбен проект во кој е вклучена и Хрватска. Веста ја потврдија и хрватските медиуми.
– Се договоривме еден дел да се произведува во Косово, еден во Албанија и еден во Хрватска – изјави вршителот на должноста министер за одбрана на Албанија, Ејуп Маќедончи, во интервју за албанскиот медиум „Коха“.
„Шота“ треба да го произведе албанската компанија „Тимак“, како современ MRAP модел (Mine-Resistant Ambush Protected).
Возилото е изработено со блиндирано стакло со дебелина од 56 милиметри и оклопен слој од Armox Advanced 9 мм, што обезбедува заштита од ниво BR7, доволно за да издржи директни удари од калибар 7,62×51 мм. „Шота“ располага со 360-степен систем за заштита на стрелецот, овозможувајќи целосна одбранбена покриеност при борбени мисии.
Екипажот брои до 10 лица (8+2), што ја прави погодна за транспорт на воени единици во зони со висок ризик.
Проектот за возилото „Шота“ произлегува од меморандумот за одбранбена и безбедносна соработка меѓу Албанија, Хрватска и Косово, потпишан во март во Тирана. Планот предвидува разделено производство, при што секоја држава ќе преземе одреден дел од техничкиот развој.
Ако се реализира, ова ќе биде првпат три балкански држави заеднички да развиваат воено возило – чекор што би ја зголемил регионалната одбранбена автономија.
Покрај тоа, Косово најавува и модернизација на своите вооружени сили, вклучувајќи набавка на американски хеликоптери „Блек Хок“. Според Маќедончи, главни партнери на земјата остануваат САД и Турција, а се засилува соработката со Германија, Италија, Обединетото Кралство, Хрватска и Чешка.
До 2028 година Косово планира да достигне 5.000 активни војници, од сегашните 4.460.
Белград реагираше остро на договорот, тврдејќи дека го нарушува регионалниот пакт за контрола на оружјето од 1996 година и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН, според која КФОР е единствената легитимна вооружена сила на територијата на Косово.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖