Background

На крајот на третиот квартал нето надворешниот долг изнесува 4,49 милијарди евра или 27,1% од проектираниот БДП

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

На крајот на третиот квартал нето надворешниот долг изнесува 4,49 милијарди евра или 27,1% од проектираниот БДП, покажуваат податоците на Народна банка.

- Advertisement -
Ad image

Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за 106 милиони евра, или за 2,3%.

Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.

Во текот на третиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 250 милиони евра и изнесува 8.738 милиони евра, што претставува 52,7% од проектираниот БДП за 2025 година.

Во однос на крајот на 2024 година, нето надворешниот долг е намален за 45 милиони евра (или 1%), во услови на пад на нето приватниот долг (за 218 милиони евра) и раст на нето јавниот долг (за 172 милиона евра).

На крајот на третиот квартал од 2025 година, бруто надворешниот долг изнесува 12,15 милијарди евра и забележа квартално намалување од 27 милиони евра. Бруто надворешните побарувања се зголемија за 79 милиони евра и изнесуваат 7,65 милијарди евра.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation