Топ Вести - Слушај сега
Охрид, 28 декември 2025 – Клубот за подводни активности Охрид и оваа година ја одржа традиционалната манифестација поставувајќи подводна новогодишна елка во водите на Охридското Езеро кај градското пристаниште.
Вчерашниот настан, кој се одржа на 28 декември, привлече голем број граѓани и туристи кои дојдоа да ја видат оваа необична атракција. Клубот за подводни активности Охрид овој пат приреди вистинска изненадување за најмладите посетители.
Кулминацијата на настанот беше моментот кога од длабочините на езерото се појави Дедо Мраз во нуркачка опрема, кој на сите присутни деца им подари новогодишни пакетчиња. Подароците беа обезбедени како донација од СОС БАЛКАН МЕДИА, кои со својата поддршка придонесоа за радоста на децата.
Оваа традиционална манифестација веќе неколку години по ред е препознатлива во Охрид и претставува уникатен начин за прослава на новогодишните празници, комбинирајќи љубов кон природата, спортот и традицијата.
Клубот за подводни активности Охрид и СОС БАЛКАН МЕДИА им посакаа на сите граѓани среќна Нова година и ги повикаа да ги чуваат водите на Охридското Езеро како најголемо природно богатство на регионот.

Tagged as:
Подводна новогодишна елка и Дедо Мраз го воодушевија Охрид
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖